Наполи бара 40 милиони евра за да го пушти Елмас во Милан

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се наоѓа пред трансфер во редовите на актуелниот шампион на Италија – Милан, но за истиот да се реализира „Росонерите“ ќе мораат да ја зголемат иницијалната понуда, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, откако се појави информација дека миланскиот гигант е подготвен да понуди 35 милиони евра, денеска се шпекулира дека за заминување од Наполи се потребни 40 милиони евра.

Елмас е дел од Наполи од 2019 година, а изминатата сезона се наметна како еден од најстандардните во тимот.

22-годишникот кој во кариерата настапуваше за Работнички и Фенербахче одигра 46 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 7 гола и имаше 6 асистенции.