
Напаѓачот со нож во возот во Кембридшир обвинет за 10 обиди за убиство
Британските обвинители денеска подигнаа обвинение против 32-годишен маж за десет обиди за убиства по масовниот напад со нож во воз што се движеше кон Лондон во саботата.
Британските обвинители денеска подигнаа обвинение против 32-годишен маж за десет обиди за убиства по масовниот напад со нож во воз што се движеше кон Лондон во саботата.
Полицијата претходно соопшти дека пет од 10-те жртви на нападот со нож биле отпуштени од болница, додека една жртва е во животно загрозувачка состојба. Жртвата била член на железничкиот персонал кој се обидел да го спречи нападот.
Нападот се случил во саботата навечер на линијата Донкастер-Лондон Кингс Крос, а возот бил запрен во 18:25 часот по локално време на станицата Хантингдон.
Ентони Вилијамс е обвинет и за обид за убиство и поседување оружје со сечило во врска со претходен инцидент во источен Лондон. Тој треба да се појави пред Крунскиот суд во Питерборо.