Напад со нож на железничка станица во Брисел

Белгиските власти уапсија 18-годишник кој нападнал младо лице со месарски нож на железничката станица Брисел-Југ оваа неделаа.

Шокантната снимка од надзорната камера објавена на социјалните мрежи покажува како напаѓачот брутално го расекува и боде неколку пати.

Тинејџерот е повреден, но повредите не се опасни по живот.

Набргу по инцидентот, напаѓачот бил уапсен, а обвинителите известија дека нападот се случил како последица на претходен конфликт меѓу двајцата млади.

Меѓутоа, во описот на видеото се наведува дека напаѓачот е мигрант кој извикувал „Алах Акбар“, а дека 17-годишникот не бил единствениот што го нападнал.

Мартин Франсоа од јавното обвинителство во Брисел изјави дека напаѓачот е осомничен за напад со предумисла и претепување малолетник, како и за поседување на забрането оружје.