Вјачеслав Гладков – регионалниот гувернер на рускиот град Белгород, кој се наоѓа кај украинската граница информира дека најмалку три лица загинаа, а десетици станбени згради се оштетени, како и 39 приватни куќи, од кои пет се уништени по експлозиите кои ноќеска и утринава го погодија градот.
Тој не прецизираше што е причината за експлозиите, но кажа дека тие ја активирале противвоздушната одбрана.
„Ја истражуваме причината за инцидентот“ – додаде Гладков.
Рускиот пратеник Андреј Клишас ја обвини Украина за гранатирање на Белгород, кој веќе беше цел на украински напади.
Белгород е град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина и претставува административен центар на регионот Белгород.
Еще видео из Белгород pic.twitter.com/VjvRFBIL8l
— IgorGirkin (@GirkinGirkin) July 3, 2022