Напад во Германија, неколку лица повредени

Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот каде што возот бил принуден да застане откако патниците ја повлекле рачната сопирачка. Областа била опколена додека истражителите ја проценувале ситуацијата и собирале докази.

Германските власти денес објавија дека неколку патници се повредени во напад со остар предмет во брз воз што се движел од Хамбург до Виена.

Според баварската полиција, нападот се случил околу 13:55 часот по локално време, додека возот минувал низ градот Регенсбург и се упатувал кон Платлинг.

Напаѓачот е уапсен

„Според сегашните информации, четири лица се полесно повредени. Сторителот е уапсен од нашите сили“, соопшти полицијата, додавајќи дека во возот во времето на инцидентот имало околу 500 патници.

Некои медиуми објавија напад со нож, но исто така споменаа чекан и секира. Билд објави дека напаѓачот бил Сириец.