Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија.
Шест лица се повредени, од кои три се во критична состојба, во напад со нож во автобус во градот Зиген во Западна Германија.
Нападот го изврши 32-годишна жена, која е уапсена.
Најмалку 40 луѓе патувале со автобус до градскиот фестивал во Зиген, на околу 75 километри од градот Келн.
Засега нема информации за мотивот на нападот.
Инцидентот се случи само една седмица по фаталниот напад со нож во градот Солинген, исто така во западна Германија, кога напаѓач уби три, а повреди осум лица.
Нападот го изврши 26-годишен Сириец, кој е во притвор. Постои страв дека тероризмот пак се враќа во Европа.
Инаку, вчера турската полиција уапси припадник на таканаречената Исламска држава (ИД) во Истанбул, осомничен за планирање бомбашки напад.