Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Менс, потврди дека властите го третираат нападот со нож врз свештеникот и верниците во црквата Вејкли како терористички чин.
– Ова е голема и сериозна кривична истрага – рече Минс.
Свештеникот Мари Емануел и најмалку четири лица беа повредени во напад со нож, кој се случи вчера, кога млад човек облечен во црно се приближил до олтарот и неколку пати го избодел бискупот.
Првичните извештаи сугерираат дека уште најмалку две лица, исто така, биле избодени со нож во конфронтацијата што следела со напаѓачот.
Нападот во црквата доведе до конфликт надвор од црквата поради гневот на верниците, кои потоа се судрија со полицијата.
Полицијата соопшти дека уапсила 15-годишно момче на местото на настанот и биле принудени да го држат во црквата во Вејкли, предградие на околу 30 километри западно од центарот на Сиднеј, поради неговата безбедност, откако толпата се собрала надвор барајќи напаѓачот да биде изваден надвор.
Тинејџерот откри зошто го нападнал свештеникот кој е светски познат во верските кругови на интернет.
– Да не го навредуваше мојот пророк, немаше да дојдам овде. Да не се приклучеше на мојата религија, немаше да дојдам овде“, се слуша глас на арапски како вели на видеото.
Емануел беше ракоположен за свештеник во 2009 година, а потоа и за епископ во 2011 година, според веб-страницата на црквата. Бискупот стана популарна личност на социјалните мрежи, со видеа од неговите проповеди кои собраа стотици илјади прегледи на платформите, вклучувајќи ги YouTube и TikTok.
Емануел стана познат по своите тврдокорни ставови за време на пандемијата, објавија тогаш локалните медиуми, а бискупот ги опиша ограничувањата за време на пандемијата на Ковид како „масовно ропство“.
Неговата Црква на Христос Добриот Пастир има скоро 200.000 следбеници на YouTube.