Нападнат е полицаец од група шверцери кај Блаце

Вчера околу 20.30 часот додека полициски службеник се движел со службено возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, по локалниот пат од с. Долно Блаце кон граничниот премин „Блаце“, неколку лица од кои претходно биле одземени криумчарени производи, се обиделе да му го блокираат патот, а М.Б. со тврд предмет го оштетил возилото.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.