Утринава руски сили го нападнале аеродромот кај градот Ивано-Франковск, потврди градоначалникот на градот, Руслан Марцинкив.
„Според прелиминарните информации, експлозиите што се слушнаа утринава се од напад на аеродромот“ напиша Марцинкив на Фејсбук.
„Ве потсетувам дека целта на непријателот е да сее паника и страв“ – нагласи тој.
Градот е на околу 114 километри јужно од Лавов, каде беше погодена база што се користеше за воена обука
Сирени за воздушен напад утрово се огласија во повеќе делови на Украина, јави украинската новинска агенција „Укринформ“.
Сирени се огласиле во Житомир, западно од Киев, и во областите Тернопил, Ривне и Ивано-Гранковск на запад.
Сирени се огласија и во областа Волин на северозапад и Краматорск во источна Украина.