Нападната со нож деканката на Филозофскиот факултет во Ниш

Деканката на филозофскиот факултет во Ниш денеска беше повредена во напад на жена со нож и итно префрлена во Ургентниот центар.

Деканката на филозофскиот факултет во Ниш денеска беше повредена во напад на жена со нож и итно префрлена во Ургентниот центар, јави дописникот на МИА.

Инцидентот се случил за време на собир на студенти и други граѓани пред протест закажан за напладне во тој град.

Засега непозната жена извадила нож и ја повредила во раката додека деканката Наталија Јовановиќ се обидела да се одбрани. Жената која нападнала упатила навреди кон деканката и и рекла дека „ја заведела ќерка си да им се придружи на студентите“.