Нападната амбасадата на Белорусија во Хаг, напаѓачите ги обоија ѕидовите црно-црвени

Амбасадата на Белорусија во Хаг била нападната од вандали, јавува дописникот на РИА Новости од местото на настанот.

Инцидентот се случил синоќа. Напаѓачите ги обоиле ѕидовите на зградата со црни и црвени графити. Покрај тоа, скршено е стакло од неколку прозорци.

Вработените во амбасадата сега ги мијат ѕидовите. Еден од нив за агенцијата изјавил дека полицијата веќе го привела осомничениот, а истрагата е во тек.

Амбасадата на Белорусија во Холандија одби да коментира официјално, пренесе РИА.