Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја пречекал министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, со знаме на Република Словачка.
На снимките од телевизиските камери се гледа направениот пропуст.
Ова не е прв пат да се случи ваква грешка. Во неколку наврати, при посети на меѓународни претставници беше поставено погрешно знаме.
е стивнуваат ниту реакциите на социјалните мрежи. „Леле, бруки“, „Неписменост на најјако“, се само дел од коментарите на граѓаните.
За ненамерната грешка имаше реакција од МНР:
„Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите
Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на Министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста.
Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, Министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата.
Информираме дека Министерството за надворешни работи дополнително ќе ги зајакне протоколарните проверки со цел во иднина да не се повтори ваква ситуација“.