Намалување на цената на горивата

Малопродажната цена на Еуродизел од утре се намалува за 2 денари по литар, соопшти Регулаторната комсиија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) останува со иста цена, додека Мазутот М-1 НС се намалува за 0,362 ден/кг и сега ќе изнесува 41,075 ден/кг.

Според тоа, од полноќ цените ќе бидат следни:

Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)

Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)

Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,075 (денари/килограм).