Наковска-Бикова осма во дисциплината воздушен пиштол на Параолимписките игри во Париз

Македонската спортистка Оливера Наковска-Бикова го освои 8. место во дисциплината воздушен пиштол – 10 метри на Параолимписките игри 2024 во Париз.

Наковска – Бикова, во квалификациите го освои петтото место со резултат од 558 кругови. Таа заврши како шестопласирана, меѓутоа Иранката Шахи беше дисквалификувана заради контрола на оружје, не држеше доволно тежина нејзиниот пиштол.

„Во финалето, работите не се одвиваа според очекувањата, премногу нервоза, тремор…, и на крај 8. место во конечен пласман. Ова се шести параолимписки игри на кои настапува Оливера и на секоја од нив таа влегуваше во финале, вистинска потврда на квалитет. Утре е нов ден, нова можност, не чека нова дисциплина за два дена П3- Спорт пиштол 25 метри“ – истакна по финалето тренерот на македонската репрезентација, Бранимир Јовановски.