НАИ од Врапчиште ја почна кампањата за повторените избори: Таравари и Ахмети со поддршка за Шабани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази убеденост во победата на НАИ и Исен Шабани во Врапчиште. Тој ја критикуваше коалицијата ВЛЕН, нарекувајќи ја „вазал на ВМРО-ДПМНЕ“.

Коалицијата Национална алијанса за интеграција вечерва со предизборен собир во Врапчиште официјално ја почна предизборната кампања во Општина Врапчишти. Вечерва покрај кандидатот Исен Шабани на собирот поддршка побараа и лидерите на коалицијата, Арбен Таравари и Али Ахмети. Тие од собирот повикаа на мобилизирање на граѓаните за претстојните избори да извојуваат победа на 11 јануари.

Кандидатот за градоначалник, Исен Шабани зборувајќи за проектите спроведени во двата негови мандати, нагласи дека секое училиште во општината е реновирано и денес нуди модерни услови за учениците. Тој исто така објави дека канализациската мрежа е започната во секое село, со вкупна должина од 51 километар, со што општина Врапчиште ќе биде првата рурална општина во земјава, во која секое населено место има канализација.

Лидерот на Алијасната за Албанците, Арбен Таравари, ги повика жителите на Врапчиште да се мобилизираат за да може на 11 јануари да се повтори победата од 19 октомври. Тој додаде дека Шабани е во трка со противкандидат кој, според него, ќе доживее тежок пораз, исто како и неговиот претходник Мехмет Сефери од ВЛЕН, во првиот круг од изборите на 19 октомври.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази убеденост во победата на НАИ и Исен Шабани во Врапчиште. Тој ја критикуваше коалицијата ВЛЕН, нарекувајќи ја „вазал на ВМРО-ДПМНЕ“.