Наим: Хамас подготвен да ја предаде власта во Газа на тело што ќе ги застапува интересите на сите Палестинци
-Подготвени сме да ја предадеме власта во Појасот Газа на кое било палестинско тело што ги претставува сите Палестинци, влада на единство, технократска влада, специјално тело формирано само да управува со Појасот Газа во соработка или координација со владата во Рамала (Западниот брег).Подготвени сме да го направиме тоа, рече Наим, откако овие предлози претходно беа отфрлени од палестинското раководство во Рамала.
Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, изјави денеска дека палестинската милитантна група е подготвена да ја предаде власта во Појасот Газа на кое било палестинско тело што ќе ги застапува интересите на сите Палестинци.
Во интервју за „Ал Џезира“ Наим, во името на Хамас, ја осуди израелската офанзива на северот на Западниот Брег и недостатокот на реакција на меѓународната заедница на тоа што се случува таму, укажувајќи на континуираното убивање на палестински бегалци во различни бегалски кампови на северот на окупираната палестинска енклава.
На прашањето каква улога би сакал да има Хамас во идното управување со Газа, Наим одговори дека уште пред нападот на 7 октомври 2023 година, Хамас постојано потврдувал дека е подготвен да се откаже од управувањето со палестинската територија.