Од денеска со Министерството за внатрешни работи ќе раководи Назим Буши, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста на министерот за внатрешни работи Назим Буши, досегашниот заменик министер за внатрешни работи.
По денешното примопредавање на должноста, согласно законски одредби на Република Северна Македонија, Назим Буши ќе раководи со Министерството за внатрешни работи до почетокот на функционирање на новиот владин состав, поточно до именувањето на новиот министер за внатрешни работи.