Над 8.000 луксузни автомобили „заробени“ во Белгија поради санкциите на Русија
На пристаништето „Зибриж“ во Белгија еден месец се „заробени“ над 8.000 нови луксузни автомобили кои, според информациите, пристигнале по море од Азија на почетокот на април и требало да бидат претоварени и транспортирани во Русија.
Поради построгите санкции со кои се забранува извоз на возила вредни над 50.000 евра автомобилите останаа заробени во Белгија.
Станува збор за серија луксузни модели, од американскиот „Cadillac“ и јапонски „Lexus“ до германски „Mercedes“.
За автомобилите, се претпоставува дека тие ќе бидат префрлени на други пазари.