Над 8 милиони украински бегалци пристигнаа во европските земји

Вкупно 8.249.055 бегалци од Украина пристигнале во европските земји, меѓу другите и во Русија, откако Москва ја почна специјалната воена операција, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Според податоците на УНХЦР, само во изминатата недела бројот на бегалците се зголемил за 8.766, пренесува ТАСС. УНХЦР објави дека од 24 февруари минатата година до 23 мај годинава дури 2.852.395 лица побарале засолниште во Русија.

Следува Полска со 1.605.738, Германија 1.061.623, Чешка 520.234, Велика Британија 204.700, Шпанија 179.884, Италија 175.107, Бугарија 159.225, Романија 132.362, Франција со 118.994, Словачка 116.718 и Молдавија 108.889, додека во другите земји бројот на бегалците не надминува 100.000.

Дури 5.246.661 бегалец се вклучени во националните програми за привремена заштита и поддршка, се вели во соопштението на УНХЦР.