„Алфа Рисрч“ спроведе анкета во Бугарија, а истата покажува дека 53,3 отсто од Бугарите не сметаат дека е можно да се формира нова влада во рамките на сегашното 47. Народно собрание. Со спротивно мислење се 41,6 отсто од испитаниците.
Анкетата покажала дека 33 отсто целосно го одобруваат напуштањето на политичката партија „Има таков народ“, 29 отсто сметаат дека има проблеми, но мора да се бара компромис за да се продолжи траењето на кабинетот.
Најголем дел, 38 отсто, се целосно против неочекуваниот потег, оценувајќи дека е уцена и обид за дестабилизација.
Според 32,2 отсто од испитаниците, најдобро е Владата што поскоро да поднесе оставка, 24,3 отсто сметаат дека треба да се задржи најмалку до есен, а 23,9 отсто се со став дека треба да го заврши целиот мандат.
Над 75 отсто од испитаниците сметаат дека Владата води неуспешна политика во борбата против корупцијата, финансиската политика, инфлацијата и надворешната политика.