Во последното деноноќие во Словенија од 10.299 тестови, потврдени се 6.012 нови инфекции со коронавирус (58,4%), што е најголем процент на позитивни тестови досега – објави Националниот институт за јавно здравје.
Во земјата има 66.777 активни случаи на коронавирус, а во болниците во моментов има 514 пациенти со Ковид, од кои 154 се на одделенија за интензивна нега.
Бројот на починати досега е 5.696, од почетокот на епидемијата.