Судот во САД осуди на повеќе од 5 години затвор еден од демонстрантите кои учествуваа во нападот на Капитол хил на 6. јануари годинава што претставува највисоката казна досега.
Извесен Роберт Скот Палмер од Флорида е осуден на 63 месеци затвор за нападот врз полицијата во немирите во Капитол хил.
Поддржувачите на екс-американски претседател Доналд Трамп на 6 јануари упаднаа во Капитол со намера да спречат потврдување на победата на Џо Бајден на претседателските избори во Конгресот.
Според Судот, Палмер фрлил дрвена даска и противпожарен апарат кон полицајците кои се обидувале да ги спречат демонстрантите, а потоа со шипка ги нападнал полицајците. Палмер беше уапсен на 17. март. Тој се изјасни за виновен на 4. октомври.
При нападот на Капитол хил загинаа 5 лица, а повредени се голем број полицајци.
Палмер е 65-тата личност осудена на затворска казна.