Над 450.000 граѓани во Македонија се сиромашни!

Врз основа на Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на ЕУ, Државниот завод за статистика објави дека бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија во земјава во 2020. година изнесувал 451.900.

ДЗС инфорира дека стапката на сиромашни лица во 2020. година во Македонија изнесувала 21,8 проценти, а истата е зголемена во однос на 2019 година кога изнесувала 21,6 проценти.

Поразителен е то што во сиромаштија живеат 30,3 отсто од децата до 7 години.

Стапката на сиромаштија кај популацијата од 18 до 64 години е 21,1 отсто, а кај возрасните над 65 години е 13,4 проценти.

Висока стапна на сиромаштија покажуваат податоците за луѓе кои работат. Во 2020 година безмалку 8 проценти спаѓаат во таа категорија.

Меѓу пензионерите, во 2020. година, имало 7%, додека во 2019-та тој процент изнесувал 7,7.