
Над 30 луѓе загинале од торнадата и бурите во централниот и југоисточниот дел на САД
Службата за менаџирање на вонредни ситуации извести за значајни штети во повеќе региони. Повеќе од 170.000 домови и згради во пет држави останале без струја синоќа, вклучувајќи ги Мичиген, Мисури и Илиноис.
Најмалку 33 лица загинале досега во торнадата што го зафатија централниот и југоисточниот дел на САД, од кои 12 загинале во Мисури.
Торнадата превртувале коли и срамнувале со земја куќи. Во Канзас, најмалку осумина го загубиле животот по верижен судир на повеќе од 55 возила поради песочна бура.
Службата за менаџирање на вонредни ситуации извести за значајни штети во повеќе региони. Повеќе од 170.000 домови и згради во пет држави останале без струја синоќа, вклучувајќи ги Мичиген, Мисури и Илиноис.
Гувернерот на Мисури предупреди дека екстремното време ќе продолжи, со ризик од дополнителни торнада и денеска. Предупредувања има и во Лујизиана, Џорџија и центарот на Тенеси, како и западниот дел на Флорида.
Разорни бури имаше и во Тексас и Оклахома, а беа предизвикаа и повеќе од 100 шумски пожари и превртување на неколку камиони со приколки, јави Си-Би-Ес Њуз. Поплави се очекуват и во Мисисипи, источна Лујизиана и западен Тенеси.
Еден од пожарите зафатил 11.128 хектари и не е под контрола, според Службата за шумарство на Оклахома. Агенцијата издаде предупредување со „црвено знаме“.