Од почетокот на руската инвазија врз Украина од 24 февруари, досега над 3.000 цивили ги загубија животите, соопштија од Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХCР).
Според нивните информации, заклучно со петокот, бројот на загинати се зголемил за 254 и изнесува вкупно 3.153.
ОХЦХР наведе дека вистинската бројка е веројатно значително поголема, нагласувајќи дека е тешко да се добијат податоци и да се потврдат.
Повеќето од жртвите се убиени со експлозивно оружје со голем дострел – во ракетни напади и воздушни напади.