Над 20.000 воени злосторства се извршени од почетокот на руската инвазија

Украинските власти одат со информација за околу 20.000 случаи на воени злосторства, евидентирани во трите месеци од руската инвазија.

Полициските истражители регистрирале 13.500 случаи, изјави министерот за внатрешни работи – Денис Монастирски.

„Ние работиме со странски обвинители, заедно со истражувачки тимови и експерти, но, најголем дел од работата го вршат украински службеници за спроведување на законот“ рече тој.

Собраните докази ќе им бидат дадени на меѓународни тела, со цел Русите обвинети за воени злосторства да бидат одведени во суд, додаде министерот.