Над 140.000 активни ковид случаи во Грција

Во соседна Грција бројот на активни случаи на Ковид-19 е околу 140.000, додека, пак, во изминатата седмица во просек биле регистрирани по околу 19.000 новозаразени дневно.

Според информациите од тамошните здравствени власти, околу 30 проценти се деца што одат на училиште, а 90 отсто од нив се асимптоматски, откриени преку задолжителните тестови за домашна употреба, додека пак 90 -100 деца се хоспитализирани и главно се на возраст под 11 години.

Во однос на хоспитализациите во земјата, бројот се намалува, но со бавно темпо.

Грција надмина два милиона регистрирани случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а починаа вкупно 23.833 лица.