Над 136 загинати во поплавите во јужен Бразил

Бројот на загинати во силните поплави во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул достигна 136, соопшти бразилската цивилна одбрана, цитирана од британските медиуми.

Уште 125 лица се водат како исчезнати.

Невремето и поплавите што ја погодија најјужната бразилска држава раселија речиси 537.000 луѓе, покажуваат податоците на цивилната заштита.

Речиси 446 локалитети и околу 2,1 милиони луѓе се погодени во државата со население од скоро 10,9 милиони.

Метеоролошката служба Мецул соопшти дека по кратко затишје, дождовите што ја зафатија државата во петокот повторно почнале да ги полнат реките и да создаваат „критична“ ситуација.