Над 100.000 евра за дуксерот кој го носеше Зеленски

За 90.000 фунти или над 100.000 евра е продаден дуксерот кој многу често го носеше на себе претседателот на Украина – Володимир Зеленски.

Аукциската куќа „Кристи“ во Велика Британија го продаде дуксерот во Лондон, пишуваат светските медиуми во рамки на аукциите за собирање помош за Киев.

Британскиот премиер Борис Џонсон успеа да го поттикне наддавањето на дуксерот на Зеленски и ги повика учесниците на аукцијата да учествуваат со повик Украина повторно да биде цела и слободна.

Зеленски ја донираше јакната на аукција во февруари, по почетокот на руската инвазија.