Над 10.000 новозаразени со Ковид 19 во Словенија
Здравствените власти во Словенија информираат дека во последните 24 часа се потврдени 10.288 нови заразени со коронавирус, што е помалку од вчерашниот рекорд од над 12.000 случаи.
Словенечките власти проценуваат дека ситуацијата е тешка, но сепак се држи под контрола. Предвидувањата се дека врвот на овој бран на Ковид 19 ќе биде во првата недела од февруари.