Над 1.100 жртви во поплавите во Пакистан, ќе требаат 10 милијарди долари за санирање на штетите

Во последните 24 часа загинаа уште 75 лица загинаа како последица на поплавите во Пакистан, со што бројот на загинати се искачи на 1.138 од почетокот на обилните монсунски дождови во таа земја, соопштија денеска пакистанските власти.

Најголем дел од смртните случаи се пријавени во северозападната провинција Кибер Пахтунхва и јужната провинција Синд, кои беа најтешко погодени од поплавите.

Повеќе од 1.634 лица се повредени во несреќи предизвикани од дожд и поплави, соопштија властите, додавајќи дека загинале и повеќе од 719.000 домашни животни.

Како што јави Анадолија, повеќе од 3.451 километар патишта, 149 мостови, 170 продавници и 949.858 куќи беа оштетени низ Пакистан, кој е погоден од врнежи од средината на јуни.

На Пакистан ќе му требаат повеќе од 10 милијарди долари за санирање на штетите предизвикани од поплавите, изјави денеска министерот за планирање и развој Ахсан Икбал.

„Нанесена е огромна штета на инфраструктурата, особено во телекомуникациите, патиштата, земјоделството и средствата за живот“, рече Икбал.