Над 1.000 предмети за данок на имот, промет, наследство и подарок ќе стигнат на адреса на скопјани

„Станува збор за предмети од сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано и уредно темпо. Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до даночните обврзници. Од овој момент, ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административни лавиринти“, порачува скопскиот градоначалник.

Во текот на денешниот ден, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потпишал вкупно 1.032 предмети од данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса за фирмарина.

„Станува збор за предмети од сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано и уредно темпо. Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до даночните обврзници. Од овој момент, ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административни лавиринти“, порачува скопскиот градоначалник.

Вели дека се прават сериозни напори за зголемување на приходите на Градот, со цел навремено подмирување на обврските во интерес на сите граѓани.

„Апелираме до сите физички и правни лица да ги исполнуваат своите обврски кон Град Скопје навремено и одговорно“, додава Ѓорѓиевски.