Над половина од Грците се песимисти за грчката економија

Вкупно 55 отсто од анкетираните Грци се песимисти за економијата во земјата во следните месеци, додека пак 49 проценти изразуваат песимизам и за нивната лична економска состојба во следниот период, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Пулс“ (Pulse) за грчката телевизија „Скај“.

Оптимизам за справувањето со економската ситуација имаат само 36 отсто.

За владините мерки за поддршка на граѓаните за справување со покачувањата на цените на струјата, 51 отсто смета дека се во правилна насока, а 41 процент одговара дека се во погрешна насока.

Анкетираните сметаат дека актулениот премиер Мицотакис може подобро да се справи и со прашањата поврзани со економијата и со прашањата поврзани со надворешната политика и одбраната, споредбено со лидерите на СИРИЗА и ПАСОК – Движење на промена.

Истражувањето било спроведено од 9 до 11 мај 2022 година.