
Повеќе од половина милион патници се очекува да бидат погодени од 24-часовниот штрајк на германските аеродроми, што ќе предизвика откажување на илјадници летови. Протестот го најави синдикатот Верди како дел од преговорите за нов колективен договор.
Здружението на германски аеродромски оператори (ADV) проценува дека прекините ќе погодат околу 510.000 луѓе и над 3.400 летови ќе бидат откажани. Штрајкот ги опфаќа речиси сите главни аеродроми во земјата, вклучувајќи ги и клучните транспортни центри како што се аеродромите во Франкфурт, Минхен и Берлин. Штрајкувачките акции започнаа ноќеска и ќе продолжат до утревечер.
Аеродромот во Хамбург вчера неочекувано стапи во штрајк, ден порано од планираното.
Други аеродроми каде се очекуваат проблеми во сообраќајот се Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Бремен, Хамбург, Лајпциг-Хале.
„Ферди“ со месеци преговара за нов колективен договор за работа со барања за подобрување на безбедноста и здрава средина на работното место, повеќе денови за одмор, зголемување на годишниот бонус и до 50 проценти…