Над еден милион бегалци ја напуштија Украина и заминаа во соседни земји за само една недела, од почетокот на рускиот напад.
Оваа информација денеска ја презентираше високиот комесар на Обединетите нации за бегалци – Филипо Гранди.
„За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион бегалци од Украина во соседни земји“ – напиша Гранди на Твитер.
Тој додаде дека за милиони други лица, внатре во Украина, време е оружјето да „стивне“, за да може да пристигне хуманитарната помош и да се спасат човечки животи.