Овој понеделник е објавена новата АТП листа на која Карлос Алкараз на самиот врв го престигна Новак Ѓоковиќ и сега талентираниот Шпанец повторно е рекет број еден на планетата.
Новак ќе има можност да промени се на претстојниот Вимблдон кој на победникот му носи 2.000 чисти поени бидејќи лани не се броеја бодовите, па Грен слем во Лондон ќе биде многу важен во продолжението од трката за најдобар тенисер во светот.
И додека Ѓоковиќ и Алкараз се борат за првото место, Шпанецот Рафаел Надал минува низ многу тешки времиња!
„Бикот од Мајорка“ падна на 136. место на АТП листата и кога ќе погледнеме малку наназад – пред повеќе од 20 години беше на пониска позиција!
Рафа веќе некое време е повреден, што резултираше со тоа што сега е меѓу тенисери како Раул Бранасио (135.) и Уго Гастон (137.), а последен пат повисоко се позиционираше на 24 март 2003 година! Тогаш Надал беше на 152-то место и на 17-годишна возраст само што го започна својот пат кон врвот.
Десетте најдобри тенисери на планетата во тоа време беа Лејтон Хјуит, Андре Агаси, Хуан Карлос Фереро, Роџер Федерер, Карлос Моја, Енди Родик, Марат Сафин, Јиржи Новак, Алберт Коста и Давид Налбандијан.