Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека се повлекол од Индијан Велс и Мајами, тениските турнири кои во март се играат во Америка.
– Помина долго време откако не комуницирав со вас. Заминав на одмор, почнав со рехабилитација, теретана и физиотерапија по упатства на лекарот, правам се како што ќе ми кажат. Се подготвувам да се вратам во најдобри услови. Тажен сум што нема да можам да се натпреварувам во Индијан Велс и Мајами. Многу сум тажен што нема да бидам таму. Ќе ми недостигаат моите фанови од Америка. Се надевам дека ќе ги видам во текот на летната сезона – напиша Надал на својот Твитер профил.
It’s been a while since I don’t communicate with you. Took my time off, started rehab, gym and physiotherapy as instructed by the doctors. Getting ready to come back the in the best conditions. pic.twitter.com/DdRiH4aUyE
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) February 28, 2023
Минатата сезона Надал играше во финалето на Индијан Велс, додека натпреварувањето во Мајами го пропушти, исто така поради повреда, која му пречеше во мечот за трофејот во Калифорнија. Тогаш како победник излезе локалниот претставник Тејлор Фриц.