Спектакуларен тениски меч одиграа синоќа двајцата големи асови на оваа игра – Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Поуспешен беше шпанскиот тенисер, стигна до победа од 3:1 во сетови 6:2, 6:4, 6:2, 7:6 (4) во четвртфиналето во Париз, на Ролан Гарос.
Во меч кој траеше 4 часа и 12 минути Надал беше поуспешен и за место во големото финале закажа пресметка со Германецот, Александер Зверев.
„Ова е незаборавна ноќ за мене на терен, турнир и град што се најважни во мојата кариера. Новак Ѓоковиќ е фантастичен тенисер, еден од најдобрите на сите времиња и уживав во нов одличен дуел со него. Се уште не сум освоил ништо, треба да играм и полуфинале и се надевам дека ќе успеам да ја остварам целта. Публиката беше извонредна како и секогаш на Ролан Гарос, најважното место во мојата кариера“ – изјави Надал по мечот.
Сега, во меѓусебните дуели е 30:29 за Новак Ѓоковиќ, но Надал има шанса за рекордна 14-та титула на Ролан Гарос и вкупно 22-ра гренслем титула во кариерата, со што би им побегнал на Ѓоковиќ и на Федерер кои имаат по 20.
„Загубив од подобриот тенисер денеска. Можеби можев и подобро, но среќен сум што се борев докрај за секој поен“ – рече српскиот ас по пресметката.