Надал е „кралот“ на Ролан Гарос – шампион по 14. пат!

Популарниот шпански тенисер, „Бикот од Мајорка“ – Рафаел Надал (36) го освои својот 22. Грен слем трофеј во кариерата откако попладнево по 14-ти пат го освои престижниот Ролан Гарос во Париз.

Надал (5. на АТП листата) во финалето на „Филип Шатрие“ убедливо со 3-0 за два ипол часа славеше против 23-годишниот Норвежанец Каспер Руд (8. на АТП листата).

За Надал ова беше 14. титула на Ролан Гарос. Тој уште еднаш демонстрираше сила, моќ и непобедливост во Париз. Стигна до својата 112. победа во 115 одиграни меча.

Во вкупниот поредок со овој трофеј шпанскиот тенисер се одлепи од ривалите и со 22 трофеи е во предност од по два пред Ѓоковиќ и Федерер.