Надал атакува на 14. титула на Ролан Гарос, последна пречка – Каспер Руд
Норвешкиот тенисер Каспер Руд (23) се пласираше во финалето на Отвореното тениско првенство на Франција – Ролан Гарос откако синоќа во полуфиналето го победи Хрватот Марин Чилиќ со 3:1, по сетови 3:6, 6:4, 6:2 и 6:2 во меч што траеше безмалку 3 часа.
Руд, кој е осми на АТП ранг-листата стигна до првото Грен слем финале во својата професионална кариера
Утре, во финалето на Ролан Гарос, Руд ќе се судри со Шпанецот – Рафаел Надал кој ќе игра за 14-та титула во Париз, што ќе биде негов 22. Грен слем трофеј во кериерата.
Надал во финалето стигна откако во полуфиналниот двобој германскиот тенисер Александер Зверев поради повреда го предаде мечот.
Инаку, денеска од 15 часот на престижниот турнир во Париз ќе се игра женското финале во кое ќе се соочат Ига Швјонтек од Полска и тинејџерката Коко Гауф од САД.