Повторно има навреди за политичарите на Википедија. Овојпат на удар се шефот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
За претседателот Стево Пендаровски, администратор, на англиската верзија на Wikipedia, му впишал навредливо средно име. Таму беше додаден зборот „стока“.
За премиерот Димитар Ковачевски некој администратор впишал и датум на смрт (Илинден, лани). Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија.
Веб страницата според историјатот на промените ги одбележала промените како „вандализам“ или „употреба на навредливи поими“ по што се избришани или преправени затоа што навредувањето и омразата не се дозволени на интернет енциклопедија која е отворена за уредување од страна на милиони администратори низ целиот свет.