Навивачите на Реал разочарани поради поскапените влезници

Килијан Мбапе со сигурност е најатрактивниот трансфер во овој преоден рок во светот.

Францускиот голгетер по 7 години поминати во Пари Сен Жермен, се пресели во Реал Мадрид.

Мбапе веќе го имаше дебито за Кралскиот клуб. Даде гол во победата над Аталанта, а Реал го освои трофејот во Суперкупот на УЕФА.

Навивачите се среќни поради доаѓањето на една таква суперѕвезда, но сепак доаѓањето на Мбапе предизвика нешто што ги налути фановите.

Реал Мадрид во новата сезона реши драстично да ги зголеми цените на билетите за дуелите кои ќе се играат на „Сантијаго Бернабеу“.

Во првиот меч на домашен терен Реал ќе игра против Валјадолид, а цените на билетите се движат од 95 до 210 евра.

Интересно е дека Валјадолид летово се врати во елитното друштво, а кога таков тим гостувал на „Сантијаго Бернабеу“, најевтините билети биле 55 евра. Сега најевтиниот билет е 95 евра, што значи дека дури за 40 евра е поскап.