Навална ја повика Италија да го откаже концертот под диригентска палка на Гергиев, кој се смета за близок пријател на Путин

Сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија, денеска ја повика Италија да го откаже концертот на рускиот диригент Валериј Гергиев.

Сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија, денеска ја повика Италија да го откаже концертот на рускиот диригент Валериј Гергиев.

Тој треба да настапи на фестивалот на 27 јули во палатата Реџо ди Казерта во близина на Неапол, водејќи го локалниот филхармониски оркестар и солистите од оркестарот на Маринскиот театар во Санкт Петербург, кој тој го диригира.

Јулија Навална, во колумна за весникот „Република“, рече дека има „голем проблем“ со фестивалот, велејќи дека Гергиев бил „близок пријател“ на рускиот претседател Владимир Путин и културен амбасадор за неговата администрација.

-Како е можно летото 2025 година, три години по почетокот на конфликтот во Украина, Валериј Гергиев, соучесникот на Путин (…) одеднаш да биде поканет во Италија да учествува на фестивалот, рече таа.

Неколку западни културни институции, вклучувајќи ја миланската Ла Скала, Минхенскиот филхармониски оркестар и њујоршкиот Карнеги Хол, ги прекинаа врските со Гергиев во 2022 година поради тоа што не ја осуди руската инвазија на Украина. Гергиев, 72, беше назначен за директор на московскиот Бољшој театар во 2023 година откако беше исклучен од западните концертни сали.