
МЦМС: МВР со најголема доверба меѓу граѓаните во справувањето со корупцијата
Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година. Ова е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати, велат од МВР.
Извештајот за процена на корупцијата во Македонија 2025 на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) покажува значајно зголемување на довербата на граѓаните во работата на МВР.
Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година. Ова е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати, велат од МВР.
Оценките на граѓаните за перцепцијата на корупцијата меѓу службениците покажуваат тенденција на намалување, што укажува на подобрена институционална дисциплина и успешни напори за намалување на коруптивни практики.

МВР и Владата се институции со највисока доверба за справување со корупцијата, се вели во Извештајот.
„Овие позитивни трендови мотивираат да продолжиме со интензивирање на реформите, активностите за едукација и отчетност, со цел уште повеќе да ја зголеми довербата на граѓаните во институцијата“, соопшти МВР.