МЦМС: Владата не ги исполни очекувањата на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ е со поголема поддршка од СДСМ!

Точно 2,44 (од вкупно 5) е оценката што граѓаните и ја дале на Владата за нејзината работа во првите 100 дена.

Ова го го покажуваат резултатите од последното истражување на МЦМС „100 дена Влада“ кое е спроведено во периодот од 3. до 13. мај 2022 година.

Вкупно 65,1% од граѓаните изјавиле дека Владата не ги исполнила нивните очекувања.

Фатмир Битиќи – заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции има најдобар резултат од позитивните и негативните мислења на граѓаните за тоа како функционерите си ја вршат работата.

Подолу на листата се Оливер Спасовски, Фатмир Бесими и Благој Бочварски.

58,7% од граѓаните сметаат дека им се влошил квалитетот на живот во последната година.

51,8% од испитаниците сметаат дека државата се движи во погрешна насока, додека за 16,8% насоката е правилна.

Според 36,3% од испитаниците, потребни се предвремени парламентарни избори, додека за 30,4% излезот е во целосната мобилизација за надминување на предизвиците и формирање широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Податоците на аккетата се прибирани со телефонска анкета, а примерокот е национален репрезентативен од 1.005 испитаници.