Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за дневникот на Сител, пред големиот народен митинг пред владата истакна дека обвинувањата на СДСМ за лажни анкети се вистинити колку што и вистинита и искрена е борбата на СДСМ и ДУИ против корупцијата а видовме како создадоа најкорумпирана држава, колку што е вистинита веројатноста Бујар Османи да стане генерален секретар на НАТО и сето тоа е во сферата на лажните вести.
Муцунски нагласи дека од СДСМ и ДУИ се очекува многу лаги, многу персонални напади кон функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е одраз на безнадежност и безидејност.
„Многу анкети беа презентирани, анкети на ИРИ, анкета на Канал 5, сите анкети покажуваат дека примарно над 70% од граѓаните се незадоволни во кој правец се движи државата и најважно дека граѓаните препознаваат во ВМРО-ДПМНЕ надеж и со добри политики и мерки во интерес на студентите, пензионерите земјоделците, на деловниот свет, на сите граѓани на Македонија“, рече Муцунски.
Муцунски посочи дека СДСМ и ДУИ во оваа безидејност немаат друго освен да се занимаваат со негативна кампања.
– Од главниот град ќе ги означиме промените, аналитичарот Пендаровски е минато и време е да зборуваме за иднината и каква држава треба да градиме, што испуштивме, никакви економски резултати, крах на образованието и здравството, страшни неуспеси во делот на надворешна политика кои ја ставија во подредена состојба целата држава и време е зборуваме за конкретни мерки, како да го подигнеме стандардот, како да креираме надворешна политика која ќе носи резултати и ќе го заштити достоинството на македонските граѓани. Вистинскиот избор се Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, истакна Муцунски.