Во рамки на мојата работна посета на Будимпешта, остварив работна средба со мојот унгарски колега и пријател – министерот за надворешни работи и трговија, Петар Сијарто.
Заедно ја нагласивме важноста на пријателство меѓу нашите земји изградено на меѓусебна доверба и поддршка, како во мултилатералните односи, така и во економската соработка, која ќе продолжиме да ја развиваме и продлабочуваме во иднина, со посебен акцент на поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции.
Се заблагодарив за целокупната поддршка од Унгарија, вклучително и неодамнешниот заем за нашата држава, како помошта и при справување со пожарите. Го информирав министерот Сијарто за новите надлежности на министерството, структурирано слично на унгарското министерството со кое тој раководи.
Од негова страна беше изразена недвосмислена поддршка за нашите евроинтеграции, истакнувајќи дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе донесе нова енергија во Унијата. Тој нагласи дека Унгарија ќе продолжи да го поддржува нашето забрзано интегрирање, особено за време на унгарското претседавање со ЕУ, но и во иднина – напиша на Фејсбук македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски.