
Муцунски повика ДКСК да отвори предмет за неговиот татко, најави кривична пријава за лажните мејлови
Министерот повика Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) да го испита случајот со цел, како што кажа, да се зачува интегритетот на семејството Муцунски. Најави и кривична пријава до МВР поради наводните мејлови испратени од неговиот татко до вработени во Министерството.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска на прашање на опозицијата на собраниската седница за пратенички прашања, во врска со активноста на неговиот татко во рамки на МНР, одговори дека неговиот татко е допломат од 1988, оти нема судир на интереси, имајќи предвид дека своето службеничко звање го добил уште во 2001, додека диломатскиот статус во 2016.
Министерот повика Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) да го испита случајот со цел, како што кажа, да се зачува интегритетот на семејството Муцунски. Најави и кривична пријава до МВР поради наводните мејлови испратени од неговиот татко до вработени во Министерството.
-Ѕвонко Муцунски е дипломат од 1988 година. Муцунски го има добиено службеничкото звање во 2001, додека дипломатскиот статус во 2016 година од тогашниот министер Никола Попоски. Доколку е прашање за конфликт на интерес, треба да биде поставено до екс-министрите Попоски и Срѓан Керим. Жалам што се создава пракса да се зборува за семејство. Жалам што сега го споменувате мојот татко кој не погрешил ниту навредил некого, рече Муцунски.
Муцунски нагласи дека треба да престане праксата да функционираат профили по социјални мрежи кои објавуваат неточни мејлови кои наводно се потпишани од неговиот татко.
-Добро е секогаш да се проверуваат информациите, одговори Муцунски на прашањето на пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска дали неговиот татко е негов советник, по протечени мејлови испратени наводно до вработени од МНР кадешто наводно е потпишан Ѕвонко Муцунски.
Муцунски најави дека Министерството ќе поднесе кривична пријава до Министерството за внатрешни работи, бидејќи, како што кажа, мора да се истражи кој објавува лажни информации.
Министерот повика и ДКСК да отвори постапка за неговиот татко, со цел, како што кажа, да се утврди дали има злоупотреба или конфликт на интереси.