
Муцунски од Хаг: Стабилноста на Западен Балкан најлесно ќе се обезбеди преку европска интеграција на целиот регион
Изрази жалење што, како што рече, според последните информации, средба на маргините на НАТО-Самитот во Хаг веројатно нема да се одржи. - Јавно порачувам: Владата е подготвена за средби на секое ниво – претседател со претседател, премиер со премиер, министер со министер. Така и ќе продолжиме да се однесуваме, нагласи министерот.
Жалам што актуелната бугарска влада, а и бугарските европратеници, со своето дејствување – она што го гледаме во Брисел – влегуваат во рускиот наратив за дестабилизација на регионот. Стабилноста на Западен Балкан најлесно ќе се обезбеди преку извесна европска интеграција на целиот регион, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Во изјава за ТВ Канал 5 во Хаг, во коментар на однесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан.
Според Муцунски, постапките на Бугарија во последните недели и месеци се дел од наратив чија цел е дестабилизација на Балканот.
– Како можеме да ги надминеме предизвиците и да работиме за стабилизација на Западен Балкан? Секако – преку дијалог, рече Муцунски.
Изрази жалење што, како што рече, според последните информации, средба на маргините на НАТО-Самитот во Хаг веројатно нема да се одржи.
– Јавно порачувам: Владата е подготвена за средби на секое ниво – претседател со претседател, премиер со премиер, министер со министер. Така и ќе продолжиме да се однесуваме, нагласи министерот.
Муцунски говореше и за очекувањата од Самитот во Хаг, каде што фокусот ќе биде на случувањата помеѓу Русија и Украина, безбедносната состојба на Блискиот Исток и другите глобални безбедносни предизвици.
– За да имате сериозни инвестиции во одвраќањето, вие морате да инвестирате прво во модернизација на армијата, во модернизација на различни капацитети – и инфраструктурни и во делот на сајберот – но исто така и во соодветна инвестиција во индустријализацијата. Тоа значи инвестирање во нови, домашни, наши македонски капацитети за производство. И во таа насока токму овие одлуки ќе ги поддржиме на овој самит и очекуваме консензус да се постигне веќе утре тука во Хаг, рече Муцунски.