Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево преку соопштение на неговиот Фејсбук профил нагласи дека категорично ја отфрла дезинформацијата дека Владата или Министерството дискутирале или имаат постигнато каков било договор со Обединетото Кралство за прием на мигранти.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево преку соопштение на неговиот Фејсбук профил нагласи дека категорично ја отфрла дезинформацијата дека Владата или Министерството дискутирале или имаат постигнато каков било договор со Обединетото Кралство за прием на мигранти.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес го повика министерот Муцунски најдоцна до утре да ја извести јавноста дали се водат разговори со Велика Британија за стационирање на мигранти во нашата држава. Филипче ова го изјави коментирајќи го објавениот напис во „Политико“ дека Британија е сè поблиску до спогодба за отворање центар за репатријација на мигранти во една земја од Западен Балкан.

(ВИДЕО) Филипче: Власта да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија

„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера“, вели Муцунски во објавата.

Муцунски истакна дека овие шпекулации се неосновани, штетни и служат исклучиво за добивање на дневнополитички поени. „Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност. Ваквите изјави, за жал се израз и на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам“, напиша Муцунски во објавата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска апелираше до министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, најдоцна до утре да ја информира јавноста дали се преговара со Велика Британија за сместување на мигранти во нашата земја. Филипче ова го искажа коментирајќи го објавениот текст во „Политико“ дека Британија е сè поблиску до договор за отворање центар за враќање мигранти во една земја од Западен Балкан.

„Министерот Тимчо Муцунски треба да каже дали разговара за тоа мигранти да се носат во нашата земја. Треба да каже има ли тоа некаква врска со тој пакет со заемот од седум милијарди евра? Има ли некаква врска? Условена ли е Владата за тие пари, да го направи тоа?“, рече Филипче.